Пејачката Шакира и 10 години помладиот фудбалер Жерар Пике неодамна објавија дека се разделуваат по 12-годишна врска.
Тие ги имаат и синовите Милан и Саша, над кои пејачката го доби старателството, а Шакира сега првпат јавно проговори за се.
„Навистина е тешко да се зборува за ова во живо, особено затоа што ова е прв пат да се осврнам на оваа ситуација во интервју. Досега само молчев и само се обидував да ја испроцесирам целата ситуација. Ух, и да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, и затоа што сум во очите на јавноста, и затоа што нашата разделба не е како нормална разделба, така што ова е тешко не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко“, изјави таа за магазинот Elle.
„Сè на сè, тешко е. И се обидов да ја скријам ситуацијата од моите деца. Се трудам да го направам тоа и да ги заштитам, бидејќи тоа е мојата мисија број еден во животот. Но, тогаш слушаат работи на училиште од своите врсници или наидуваат на непријатни вести на интернет, и тоа навистина влијае на нив“, додаде таа.
Сепак, Шакира не сакаше да го коментира наводното изневерување и новата романса на нејзиниот поранешен партнер.
„Мислам дека тие детали се премногу приватни за споделување, барем во овој момент… сето тоа е толку ново“. Можам само да кажам дека вложив се што имав во таа врска и моето семејство“, тажно рекла Шакира.
Таа исто така истакна дека имала „номадски живот“ пред нивните деца да тргнат на училиште, а потоа се преселиле во Барселона за кариерата на Пике, наместо да се преселат во САД поради нејзината.
„И така, еден од нас мораше да го направи тој напор и жртва. Јас го направив токму тоа – ја ставив својата кариера во втор план и дојдов во Шпанија за да го поддржам за да може да игра фудбал и да освојува титули. Тоа беше жртва на љубовта. Благодарение на ова, моите деца добија ваква мајка, а јас со нив имам неверојатна врска која е нераскинлива и не одржува. Тоа е тоа. Тоа е се што можам да кажам“, заклучила Шакира за споменатиот медиум.