Шаќири: Медиумите ќе имаат посебен фокус на овој владин мандат

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на целиот овој мандат, нашата работа ќе се фокусира и на медиумите. Нашата примарна цел е да создадеме средина каде што можат да работат слободни и независни медиуми и за ова ќе работиме интензивно, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Тој соопшти дека ќе се креираат алатки за новинарите и граѓаните, за брзо откривање и спречување на ширењето на лажни вести, ќе се работи на медиумската писменост, особено кај најмладата публика, преку воведување на соодветни содржини во образовните предмети во основните и средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година

Ќе поддржиме создавање на истражувачка медиумска лабораторија и ќе обезбедиме континуирана финсиска и нефинансиска поддршка за печатените медиуми и локалните телевизии, истакна министерот, ветувајќи и помал надоместок за телевизиско емитување.

Слични содржини