Шаќири: Печатени учебници мора да постојат, но тоа не ја исклучува важноста на дигиталната форма

од Nikola Popovski

Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на првата конститутивна седница на Националната комисија за учебници формирана од Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во просториите на МОН.

– Како министер задолжен за непречено одвивање на образовниот процес Ви нудам отворена соработка, секогаш ќе бидам достапен за надминување на евентуални ситуации и проблеми што би се наметнале во текот на работењето. Важно е да се работи тимски, зашто само така ќе стасаме до успешни резултати, рече министерот пред членовите на Комисијата.

ВД директорката на Педагошката служба, Вангелија Велева повикувајќи се на досегашното искуство од работењето укажа дека процесот на создавање еден учебник е долг и гломазен, најчесто заглавен низ лавиринти што не зависат од вработените, но должност и обврска на МОН и Педагошката служба е да помогнат во процесот на продуцирање квалитетни учебници.

Слични содржини