Утрово со решение на Министерствто за култура е сменета од функцијата в.д директор Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ.

На нејзино место е поставена Магдалена Ризова Черних. Смената во овој театар доаѓа по анонимната пријава за мобинг вршен од страна на Шаќири, по што беше испратена инспекција во објектот.

Откако во медиумите беше објавено дека во Театар Комедија, влегла вонредна инспекциска контрола, поради наводен мобинг врз вработените,  Шаќири – Марковиќ во изјава за „Локално“ кратко кажа дека нема одговор на прашањето и ја „префрли топката“ на колективот.

-Не знам каде да ве упатам за да се јавите. Во институцијата никој од вработените нема поднесено пријава против мене, така да не знам што да ви кажам, одговори директорката.

Таа додадека дека „не знае со што е поткрепена ваквата објава“.

-Во време кога театарот работи под полна пареа, со вратен долг дава премиери, работи и гостува на фестивали, не знам дека тоа е мобинг, кажа Шаќири за „Локално“.

Слични содржини