Шаќири: Се почитуваат протоколите, бројот на позитивни наставници, професори и деца не е огромен

од Берта Китинска

Најрадосен сум што во училниците видов деца кои се радосни за почетокот на второто полугодие и дека се во училиштата. Ќе бидеме во секојдневна комуникација со претставници на сите училишта за нови случаи и секој ден ќе ја имаме предвид реализацијата на наставата. Директорите кажуваат дека нема огромен број позитивни наставници, професори или деца, кажа министерот за образование Јетон Шаќири, додавајќи дека не може со претпоставки да одговори како ќе се одвива наставата и дека ќе се почитува секоја препорака на надлежната Комисија за заразни болести.

Во врска со барањата учениците да следат настава без заштитни маски, Шаќири одговори дека „ќе има средба со сите што мислат различно”, но дека сите протоколи, вклучително и носењето маски, се препораки од Комисијата и тие треба да се почитуваат.

-До Комисјата за заразни болести е испратен допис за маските и е известена за барањето за кое ќе се одлучува , кажа министерот.

Слични содржини