Шаќири: Штрајкот на СОНК не е опција за решавање на проблемите

од Nikola Popovski

Јас во неколку наврати кажав дека штрајкот не е опција за решавање на проблеми, но е дел од синдикалното право и го почитувам. Ние како министерство од почетокот на барањето го имаме разгледано и ќе продолжиме да дискутираме за да дојдеме до решение. Штрајкот не е само решение, можеме да се договориме, вели министерот за образование, Јетон Шаќири за најавениот штрајк на СОНК на 11. април.

Министерот отворено тврди дека наставниците се многу важен фактор во состаноците.

-Во состојбата која се наоѓаме има многу фактори кои не се во наша надлежност. Има голем кризи, инфлација, додава Шаќири во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

-После 2020/21 почна тешко време на здравствена криза, и знаеме како беше образовниот процес. Во тој период сигурно имало дискусии, но и од СОНК и Владата ќе се продолжеше со дијалогот ако бевме во здравствена криза. Се грижиме и сме докажале дека мислиме на сите што работат во образованието, но овие се непредвидени услови. Покачувањето на минималната плата е за поздравување, кажа министерот.

Слични содржини