Шаленберг: Бугарија и С.Македонија не треба да губат време, Австрија им стои на располагање во решавање на спорот

од Берта Китинска

Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

-Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, вели Шаленберг.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

-Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети,посочува шефот на австриската дипломатија.

Слични содржини