Шаленберг: Не смееме да го загубиме Западен Балкан, Македонија да започне преговори во јуни

од Nikola Popovski

Австрија се залага за пристапните преговори меѓу С. Македонија и Албанија со ЕУ да започнат во јуни.

Ова стана јасно на работната средба на министрите за надворешни работи на Бугарија и Австрија, Теодора Генчовска и Александар Шаленберг.

-Мојот став е многу јасен и Австрија би сакала преговорите со Албанија и Северна Македонија да започнат во јуни. Се разбира, сфаќаме дека има многу чувствителни точки во билатералните односи. Високо ги цениме напорите на бугарската страна, кои започнаа со претседателот Радев и продолжија во последната година и сега се актуелни, а се предводени од новата бугарска влада со премиерот Кирил Петков. Мора да има политичка волја, мора да има поддршка од двете страни. Не смееме да го загубиме Западен Балкан. Сега мора да дадеме гас“, апелирач Шаленберг до Генчовска.

Слични содржини