„Шалом“: Канје Вест се врати на Твитер, продолжи со провокациите

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Канје Вест се врати на социјалната мрежа Твитер откако неговиот профил беше суспендиран поради антисемитски коментари.

Сепак, тоа не го спречи да продолжи да објавува контроверзни објави, па на своите фанови им се обрати со хебрејски поздрав.

„Тестирање, тестирање. Проверувам дали мојот Твитер профил е одблокиран“, беше првиот пробен твит на Канје, по што додаде:

„Шалом“, накратко напиша Вест во следниот твит и додаде смајли, што не им се допадна на сите.

Да потсетиме, Твитер профилот на Вест е вратен откако Елон Маск стана сопственик на платформата. Пристапот до Твитер му беше забранет откако на својот профил напиша дека ќе ги нападне Евреите.

„Малку сум поспан вечерва, но кога ќе се разбудам, ќе ги нападнам Евреите. Смешно е што всушност не можам да бидам антисемитист затоа што и црнците се Евреи. Си поигравте со мене и се обидувате да го уценувате секој кој се спротивставува на вашата агенда“, напиша тој.

Поради своите ставови, Канје изгуби голем дел од своето богатство, а многу познати брендови ја прекинаа соработката со него.

Според најновиот извештај на „Форбс“, нето вредноста на Канје Вест е околу 400 милиони долари. Ова е приличен пад ако се земе предвид дека до неодамна неговото нето богатство изнесуваше 1,5 милијарди долари.

Слични содржини