Шаманот кој тврдеше дека има напивка што штити од Ковид-19, почина од вирусот

од Nikola Popovski

Шаман од Шри Ланка, кој направил пијалок што, како што тврдеше, ги штител луѓето од Ковид-19, починал од вирусот, потврди неговото семејство.

Елијант Вајт им давал на спортистите и политичарите напивка за која тој тврди дека „дошла кај него во сон“. Тој верувал дека истурањето на тој пијалок во реките ќе стави крај на пандемијата во Шри Ланка и соседна Индија.

Шаманот (48) се разболел на почетокот на месецот и бил префрлен во болница, каде што неговата состојба се влошила.

Неговиот пијалок јавно го поддржа поранешната министерка за здравство на Шри Ланка, Павитра Ваниарачи, која потоа поради короната поминала две недели на интензивна нега, пишува Би-Би-Си.

Вајт стана познат во последните години откако лечел неколку индиски ѕвезди на крикет, иако неговите „третмани“ биле одбиени од медицинската заедница. Тој бил консултиран и од премиерот Махинда Раџапакси, кој изрази сочувство на Твитер.

„Неговото наследство ќе продолжи да живее низ многуте животи што ги допре и излечи од разни болести“, напиша Раџапакса.

Изминатиов месец во Шри Ланка на сила е полициски час поради ширењето на варијантата делта. Според официјалните податоци, 12.000 луѓе починале од вирусот во земјата, а повеќе од половина милион биле заразени, но лекарите веруваат дека бројот на смртни случаи е двојно поголем.

 

Слични содржини