Шаманот од Капитол сака да сведочи против Трамп поради предавство

од Nikola Popovski

Џејкоб Ченсли од Аризона, кој учествуваше на демонстрациите одржани на 6 јануари во Вашингтон, истакна дека Доналд Трамп го „предал“ затоа што не го помилувал. Ченсли и уште најмалку четири лица кои се соочуваат со федерални обвиненија за учество во немирите, сугерираат дека добиле наредби од Трамп.

Шаманот на „QAnon“, како што тој самиот се нарекува, стана познат по, благо речено, необичната облека за време и по демонстрациите на приврзаниците на Трамп во Вашингтон.

Тој е подготвен да сведочи против поранешниот претседател на судењето за отповикување следниот месец, потврди неговиот адвокат Алберт Ваткинс.

Адвокатот, обидувајќи се да го оправда, рече дека тој бил „многу опседнат со Трамп“.

Сепак, таа лојалност заврши заедно со мандатот на Трамп кога поранешниот претседател ја напушти Белата куќа без да одобри помилување за Ченсли и другите кои учествуваа во немирите.

„Се чувствуваше како претседателот да го изневерил“, рече Воткинс.

Американските медиуми, повикувајќи се на судски документи, пишуваат дека Чансли им рекол на истражителите дека тој дошол во Капитол „на барање на претседателот сите патриоти да дојдат во Д. Ц. на 6 јануари“.

Ченсли, која редовно доаѓал на митинзите на Трамп, е обвинет за граѓанско нарушување, попречување на службената постапка, несоодветно однесување во зградата на Капитол и др.

Ченсли беше меѓу толпата приврзаници на претседателот Доналд Трамп кои упаднаа во зградата на Капитол на 6 јануари, додека членовите на Претставничкиот дом на САД се собраа да ја потврдат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Во нападот загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец од Капитол.

Тој сам му се предаде на ФБИ и беше обвинет за насилно влегување во зградата и дивјачко однесување на територијата на Капитол. Тој стана препознатлива фигура во немирите откако беше фотографиран без кошула, покриен со тетоважи, носеше рогови и со лице во боите на американското знаме.

Неговата мајка им се пожалила на новинарите дека нејзиниот син не јадел од моментот кога бил приведен бидејќи таму не му била дадена органска храна.

Таа посочила дека „нејзиниот син му се влошува состојбата доколку не јаде органска храна“.

Слични содржини