Шампионот на Англија започна со пораз: Сон го сруши Сити!

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен го победија актуелниот шампион Манчестер Сити со 1: 0 во дербито на првото коло во Премиер лигата.

Вистинско тактичко надмудрување беше забележано во Лондон, со исклучително малку реални можности, иако двата тима имаа двоцифрен број удари.

Во 55. минута домашниот тим искористи една, а тоа беше онаа што не остави впечаток „сто проценти“. Во контранапад десно, Хјонг Мин Сон ја повлече топката во средината и покрај несмасниот Рубен Дијаз, и го погоди посалечниот агол на голот на Едерсон за победничко деби на новиот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Пеп Гвардиола, пак, останува со главоболки поради неочекувано лошиот почеток на сезоната. По загубениот натпревар против Лестер во Комјунити Шилд, сега „граѓаните“ паднаа пред Спарс, и со поразот го започнаа походот кон одбрана на титулата.

Без вистински шпиц, со Феран Торес како „најистурен“, и со отсуство на Кевин де Бруин, Сити не изгледаше смртоносно.

Тој ја држеше топката најчесто, барајќи пукнатина во одбраната на домашниот тим, но не можеше да ја најде. Кога дојде во ситуации сериозно да се закани, како обидите на Фернандињо и Жоао Кансел, завршницата беше неславна.

Нововлезениот Џек Грилиш ја имаше единствената вистинска шанса во 75. минута, но Хуго Лорис рутински го запре ударот на играчот за кој беа платени 117 милиони евра.

Ниту „спарс“ немаа класичен напаѓач. Хари Кејн, кој е близу до преминување во Сити, беше надвор од тимот, па Сон го предводеше нападот на домаќините.

Слични содржини