Шанел престанува со користење егзотични кожи

од Vladimir Zorba

Модната куќа Шанел престанува да користи егзотични кожи како крокодил и змија. Ова е јасно од официјалното соопштение на брендот, во кое се наведува дека изборот не е наметнат од страна на клиентите.

“Оваа одлука нè поттикнува да измислиме нова генерација супер-луксузни производи”, која се потпира на нашата креативност, вештини и занаетчиство, за што е способно да се занимава нашето студио, рече Шанел.

Забраната е само за егзотични кожи, рече Карл Лагерфелд и наведува дека крзното е толку ретко употребувано што тој дури и не се сеќава кога последен пат направил производ со нив.

Претходно, влакнестите кожи беа напуштени и од Версаче, Гучи, Армани, Мајкл Корс, Дона Каран.

Во средината на октомври, познати личности од целиот свет протестираа против употребата на животински кожи.

Слични содржини