Шанен Доерти лажела за ракот за да се извлече на суд

Актерката Шанен Доерти пред неколку дена ги шокираше своите фанови објавувајќи дека ракот и се вратил и дека е во четвртиот стадиум од болеста. На тоа реагираше компанијата за осигурување State Farm која тврди дека актерката ја користи болста за да предизвика сожалување кое би и помогнало да ја добие судската парница.

Имено, Шанен во март минатата година ја тужела гореспоменатата компанија бидејќи одбиле да ѝ исплатат полна сума за поправка на нејзината куќа, која била оштетена за време на пожарите во Калифорнија 2018 година. Нејзините адвокати тврдат дека таа морала од свој џеб да ги плати поправките кои требало да ги покрие осигурањето и дека ова судење предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест.

„Шанен Доерти умира од рак кој е во четвртата даза. Наместо своите последни години да ги поживее во мир и во својот дом, таа мора да се бори на суд“, изјавиле адвокатите.

Компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенен тврди дека трошоците за целосната поправка изнесувале скоро четири милиони долари.

„Сочувствуваме со госпоѓата Доерти поради нејзините здравјствени проблеми и сакаме потполно да се опорави. Сигурни сме дека ги исполнивме своите обврски кон неа и плативме се што ѝ должиме. Тоа сме подготвени да го браниме на суд“, рекол Севаг Саркисиан, портпарот на State Farm.

Слични содржини