Шар Планина под снежна покривка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

По сѐ изгледа дека падна првиот снег на Шар Планина. Од фотографиите на социјалните мрежи може да се забележи дека планинските врвови на Шара се под бела покривка, што е карактеристично за овој дел од годината.

Според УХМР, снег ќе има и денеска на повисоките планини.

Времето во земјава денекса ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурите ќе се движат од 1 до 18 степени целзиусови.

Слични содржини