Шарапова го „прогонува“ Фиш, тој и врати: Пссстт, оженет сум!

од Vladimir Zorba

Русинката Марија Шарапова и Американецот Марди Фиш имаа интересна преписка на Твитер.

Двајцата веќе не играат професионален тенис, па очигледно дека имаат време да се релаксираат.

Шарапова ги воодушеви своите фанови пред неколку дена, оставајќи го телефонскиот број за луѓето да се јават или да испратат порака.

– Не само што го добив бројот 310, туку го споделив и со вас – испратете ми порака! 310-564-7981. Навистина! Кажете ми како сте, прашај те ме нешто или само кажете здраво. Добри рецепти се исто така добредојдени – напиша Шарапова.

Фиш одговори со зачудувачки емотикони, по што Шарапова му рече да и пише слободно.

Американецот го заврши разговорот со: „Шшшш, Марија. Јас сум оженет. Уживај!“ со смешен емотикона.

Слични содржини