Почетна / Спорт / Шарапова одговори дали ова е последен настап за неа на Австралија Опен

Шарапова одговори дали ова е последен настап за неа на Австралија Опен

Поранешната шампионка на Австралија опен, Марија Шарапова, се збогува од турнирот во првото коло, откако загуби од Дона Векиќ со 3-6, 4-6.

32-годишната Русинка беше видливо измачена од повредата на рамото што ја ограничи на само еден турнир од поразор на УС Опен минатата година. Шарапова даде се од себе против тенисерката од Хрватска, но по поразот, таа беше запрашана на прес-конференција по мечот за нејзината иднина, со оглед на проблемите со повредите неодамна.

Русинката ќе излезе од првите 350 во светот следната недела.

– Јас не сум единствената. Знаете, можам да зборувам за моите проблеми и за работите низ кои минував со рамото, но тоа не личи на мене. Така да бев во натпреварот. Колку и да ми беше тешко, јас го довршив натпреварот – иако не на начинот на кој што сакав, рече таа.

На директно прашање дали нејзиниот 15-ти настап во Мелбурн е последен во нејзината кариера, Шарапова рече дека нема гаранции.

– Не знам, не знам. Имав среќа да влезам во главната шема, им се заблагодарувам на организаторите. За мене е тешко да кажам што ќе се случи за 12 месеци, рече таа.

loading...