Шарапова: Веќе размислувам за семејство и деца

од Vlatko K

Тенисерката Марија Шарапова призна дека веќе размислува за крајот на својата кариера и за тоа дека е подготвена да има семејство и деца.

31-годишната Русинка рече дека крајот на спортската нејзина кариера е близу и веќе размислува за иднината.

„Веќе размислувам за семејство и деца.

Важно е да им го пренесам своето искуство, како штонаправи мајка ми со мене“, изјав Русинката.

Таа рече дека како во спортот, така и во бизнисот, црпи инспирација од средбите со нови луѓе.

„Ова го отвора умот за нови работи.

Сигурно е убаво да си лежиш дома и да пиеш вино, но средбите лице в лице ме збогатуваат и ме исполнуваат многу“, признава Шарапова.

Слични содржини