Шарлиз Терон е среќна без маж

од Vladimir Zorba

Шарлиз Терон зборуваше на темата врски со мажите и призна дека се чувствува добро да ги воспитува своите деца сама.

Ѕвездата на филмот „Атомска русокоса“ сподели дека пред неколку дена нејзината најмлада ќерка Августа за време на обичен разговор и понудила да и најде момче, пренесува „Дејли мејл“. Терон одговорила дека е среќна без маж. Според актерката, нејзината ќерка била изненадена од одговорот, откако не дозволувала таков развој на настаните.

Во средината на 90-тите години, Терон имаше афера со актерот Крег Бирко, по што се запозна со музичарот Стивен Џенкинс. Најдолгата врска на Шарлиз беше со Стјуарт Таунсенд, по што таа одлучи да посвои момче по име Џексон.

Актерката минатата година откри дека нејзиното најстаро дете е транссексуално девојче.

Шарлиз беше верена со Шон Пен, но раскина со него во 2015 година. Во истата година ја посвои Августа.

Слични содржини