„Шармот не се купува“: Девојката на Безос флертуваше со Ди Каприо пред него (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Папараците ја снимија Лорен Санчез, атрактивната девојка на основачот на Aмазон, Џеф Безос, како со поглед го „јаде“ холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, додека до неа стои нејзиното богато момче.

Иако луѓето кои ги анализираат движењата на телото веројатно опширно ќе ја коментираат оваа средба, по само неколку секунди гледање на видеото, станува јасно дека меѓу двајцата актери во видеото има хемија.

Безос цело време ги гледа од страна и се обидува да влезе во разговорот, но тие целосно го игнорираат. Во еден момент изгледаше дека ќе има бакнеж, но искусниот актер успеа да остане присебен.

Инаку, Безос поради врската со Лорен стави крај на долгогодишниот брак со сопругата Мекензи.

Слични содржини