Sharp AQUOS R2 compact: „Најгрдиот“ телефон во светот

од desk2

Одредени портали за технологија го окарактеризираа новиот Sharp AQUOS R2 compact како „најгрдиот смартфон во светот“. Тој всушност и не е толку грд, но има два notch-а на екранот (еден на горниот и еден на долниот дел), кои се наменети за скенерот за отпечатоци и камерата на телефонот.

Откако Apple ги популаризираше notch-овите кај новите телефони, критичарите и експертите за технологија почнаа да ги мразат овие „израстоци“ на екранот, а таков е случајот и кај Sharp AQUOS R2 compact, кој е прилично солиден телефон кој доби многу негативни критики за изгледот.

Иако е „грд“, овој телефон е прилично моќен. Тој има IGZO екран со освежување од 120Hz и големина од 5,2 инчи и резолуција од 1.080 х 2.280 пиксели. Моќниот HDR10 екран е заштитен со Gorilla Glass 3 стакло.

Во внатрешноста на AQUOS R2 compact се крие вистинското изненадување – процесорот Snapdragon 845 надополнет со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија, која може да се надополни со microSD мемориска картичка до 512GB. Тој го користи најновиот Android Pie 9.0 оперативен систем.

Телефонот има „само“ две камери – предната селфи камера доаѓа со резолуција од 8 MP, додека задната е со резолуција од 22,6 MPx со OIS стабилизација на слика и HDR за видео и фотографии.

Засега Sharp AQUOS R2 compact се продава само во Јапонија и не постојат најави дека би можел да пристигне во Европа. Но, ако случајно почне да се продава на европскиот пазар, му предвидуваме светла иднина.

Слични содржини