Шефицата на британската дипломатија: Повеќе оружје за Украина, санкции за Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Тас денеска изјави дека е од витално значење да се задржи притисокот врз Русија, со испраќање уште повеќе оружје во Украина и со воведување дополнителни санкции, пренесе „Ројтерс“.

„Многу е важно во овој момент да продолжиме да вршиме притисок врз Владимир Путин со испраќање повеќе оружје во Украина и заострување на санкциите“, рече таа при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во северна Германија, во одморалиштето Вајзенхаус.

Важно е да се продолжи со притисокот врз Русија, рече министерката Трас.

Слични содржини