Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Шефот на Amazon: Ако технолошките компании му го свртат грбот на Пентагон, САД ќе имаат големи проблеми

Шефот на Amazon: Ако технолошките компании му го свртат грбот на Пентагон, САД ќе имаат големи проблеми

Основачот и извршен директор на Amazon.com Inc., Џеф Безос, рече дека ќе го поддржи Министерството за одбрана на САД, кое стартуваше голем процес на модернизација. Зборовите на Безос ја одразуваат борбата на технолошките компании да потпишат повеќе договори за проекти со Пентагон, пренесува „Ројтерс“.

„Ние ќе го поддржиме Министерството за одбрана“, рече Безос за време на годишниот форум за одбрана во Калифорнија.

Технолошките компании се соочуваат со голем број предизвици кога се обидуваат да работат со Пентагон. Минатата година, одбранбената програма наречена Project Maven предизвика сериозно незадоволство бидејќи некои вработени се спротивставија на воената технологија на Google. Овие официјални лица изјавија дека тоа е спротивно на наведената цел на Google да не наштетува, и посочија голем број на ризици околу употребата на технологија за вештачка интелигенција (ВИ) во ситуации опасни по живот.

Иако Безос рече дека ги поддржува ставовите на овие вработени, тој рече дека топ-директорите на компанијата треба да дадат насоки на кои проекти ќе се работи, а на кои не.

„Мојот став е дека ако поголемите технолошки компании му свртат грб на Министерството за одбрана, оваа земја ќе се соочи со големи проблеми“, предупреди Безос.

Amazon се натпреварува да обезбеди услуги „во облак“ на Пентагон.

Во ноември, сепак, компанијата поднесе тужба во федералниот суд, оспорувајќи ја одлуката на Министерството за одбрана во септември да му додели сличен договор на конкурентот Microsoft.

Amazon се сметаше за фаворит за заедничка облачна инфраструктура, позната и како JEDI, дел од поширокиот проект за дигитална модернизација во Пентагон, пред развивачот на софтвер Microsoft да биде изненадувачки победник.

Компанијата на Безос претходно објави дека политиката спречува фер процес на наддавање. Безос, кој исто така е сопственик на „Вашингтон пост“, е отворен критичар на американскиот претседател Доналд Трамп.

loading...