Шефот на ЕМА: АстраЗенека е безбедна за сите возрасти

од Берта Китинска

Шефот на работната група на Европската унија за регулирање на лекови против ковид 19 изјави денес дека вакцината Астра Зенека има поволен профил на ризик и корист за сите возрасни групи, особено за оние над 60-годишна возраст.

Претходно, италијанскиот весник „Ла Стампа“ напиша дека шефот на работната група за Европската агенција за лекови (ЕМА), Марко Кавалери, тврди дека оваа вакцина треба да се избегнува првенствено кај луѓе постари од 60 години, а потоа и помлади, поради страв на згрутчување на крвта, , пишува Ројтерс.

„За жал, моите зборови не беа интерпретирани како што треба во неодамнешното интервју за„ Ла Стампа “, изјави тој за Ројтерс.

Дозата на вакцината Астра Зенека „содржи поволен профил на ризик и придобивки за сите возрасни групи, особено за оние над 60 години“, рече тој подоцна.

Патем, ставот на Европската агенција за лекови е дека Астра Зенека е безбедна и може да ја користат сите возрасни групи над 18 години. Сепак, неколку земји-членки на Европската унија ја ограничија употребата на оваа вакцина на групи луѓе на возраст од 50 до 65 години, поради изолирани случаи на згрутчување на крвта, претежно кај помлади лица.

Слични содржини