Шефот на Кабинетот на Трамп: Изборите ќе се одржат на 3 ноември

од Vladimir Zorba

Шефот на кабинетот на Претседателот на САД, Доналд Трамп, Марк Медоус, изјави во неделата дека претседателските избори во САД ќе се одржат на 3 ноември и дека претседателот Трамп изрази загриженост за гласањето преку пошта, кога флертуваше со идејата за одложување на изборите.

„Ќе одржиме избори на 3 ноември и претседателот ќе победи“, рече Медоус за Си-Би-Ес.

Трамп во четвртокот предложи одложување на изборите во САД закажани за 3 ноември, предлог што веднаш беше отфрлен од демократите и од републиканците во Конгресот.

Само Конгрес може да ги одложи изборите.

Критичарите, па дури и сојузниците на Трамп, го отфрлија неговиот предлог како несериозен и како обид да го одвлече вниманието од катастрофалниот пад во економијата на САД, додека некои правни експерти предупредуваат дека нападите на Трамп можат да ја поткопаат довербата на неговите приврзаници во изборниот процес.

Републиканскиот претседател ја доведе во прашање веродостојноста на гласањето преку пошта и тврди дека ваквиот начин на гласање отвора можност за измама, иако тој не понуди никакви аргументи за тоа тврдење.

Медоус во неделата предупреди дека гласачкото ливче мора правилно да се предаде и не успеа да докаже дека гласачките ливчиња не биле доставени правилно во минатото.

На прашањето дали е одговорен за предлогот на Трамп, Медоус избегна да одговори на прашањето, но посочи дека во случај на гласање преку пошта, резултатите сигурно нема да бидат достапни на 3 ноември, додавајќи дека според него, тие нема да бидат познати ниту на 1 јануари.

Слични содржини