Шефот на кинеската дипломатија: „Кина е секогаш на страната на мирот“

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји му рекол на својот украински колега Дмитро Кулеба дека мора да се поддржат сите напори кои водат кон мирно решение на украинската криза, објавија денеска кинеските државни медиуми.

„Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“, рече Ванг Ји за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пренесе „Ројтерс“.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно разговараа преку видео-конференција во април.

Слични содржини