Шефот на Ла Лига: Титулата мора да се добие на теренот и да нема никаква неправда

од Vladimir Zorba

Претседателот на шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес беше категоричен дека шампионот во Ла Лига треба да се утврди на нормален начин, а не врз основа на тековниот ранг. Во моментов првенството е суспендирано, а лидер е Барселона. Каталонците се надеваат дека ќе можат да ја освојат титулата директно доколку сезоната не заврши поради коронавирусот.

„Титулата мора да се добие на теренот и да нема никаква неправда. Барселона нема да стане шампион доколку сезоната не заврши нормално. Нема да биде фер. Првенството некогаш мора да се обнови. Ако УЕФА бара од нас да одлучиме кој ќебиде шампион, а кој ќе испадне, ние ќе и ’кажеме за нашите критериуми. Сакаме сè да се реши на теренот и на фер начин“, објасни Рубиалес.

Во Шпанија се надеваат дека ќе ги продолжат дуелите на почетокот од мај при затворени врати.

„Првенството мора да заврши до 30 јуни. Сепак, ова не треба да биде цврст и неоспорен датум. Ла Лига може да биде мирна. Сè ќе биде исплатено до последното евро. Сè што е ветено, ќе биде исполнето. Сега ни треба мир на умот“, додаде шефот.

Рубиалес, исто така, рече дека во оваа фаза не е јасно кога ќе се игра финалето за Купот на Шпанија, закажано за 18 април: „Се уште нема датум. Разговараме за опцијата за 31 мај. Претседателите на Атлетик Билбао и Реал Сосиедад се во преговори. Важно е да се каже дека сакаме финалето да биде со навивачи“.

Слични содржини