Шефот на МОК планира да ја посети Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ќе ја посети Северна Кореја по крајот на зимските олимписки игри во Пјонгчанг (Република Кореја), пренесува Ројтерс.
 
Посетата е дел од договорот меѓу МОК, Северна Кореја и Република Кореја.

На 9 јануари помина првиот круг од дијалогот по нормализацијата на односите меѓу двете Кореи. Таму имено се постигна договор претставници на Северна Кореја да учествуваат на Игрите во Пјонгчанг.
 
Во знак на мир и обединување на Корејскиот полуостров тимовите на Република Кореја и Северна Кореја продефилираа под заедничко знаме на свеченото отворање на Олимпијадата.

Слични содржини