Шефот на НАТО: Русија побара од Кина смртоносно оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата верува дека Москва побарала од Пекинг смртоносно оружје за помош во инвазијата на Украина.

Столтенберг ја предупреди Кина да не ја снабдува Русија со смртоносно оружје, додека кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин имаат средба во Москва.

„Видовме знаци дека Русија бара смртоносно оружје од Кина“

„Не видовме никаков доказ дека Кина ѝ доставува смртоносно оружје на Русија, но видовме некои знаци дека тоа е барање од Русија и дека ова е прашање што кинеските власти го разгледуваат во Пекинг“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

„Кина не треба да ѝ пружи смртоносно оружје на Русија, тоа би значело поддршка на нелегална војна“, рече Столтенберг додека го презентираше својот годишен извештај за работа.

Слични содржини