Шефот на Пентагон: Падот на Бахмут нема да значи дека Русите го сменија текот на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во понеделникот рече дека источниот украински град Бахмут има повеќе симболично отколку оперативно значење и дека неговиот пад не мора да значи дека Москва ја презела иницијативата во војната.

Битката за Бахмут трае со месеци. Руската победа во градот, каде пред војната живееле 70.000 луѓе, а сега останаа само урнатини, ќе биде првата голема добивка на Москва во скапата зимска офанзива.

„Мислам дека важноста е повеќе симболична отколку стратешка и оперативна“, им рече Остин на новинарите за време на посетата на Јордан.

„Падот на Бахмут нема нужно да значи дека Русите го сменија текот на војната“, рече тој, додавајќи дека не би прогнозирал дали и кога Бахмут би можел да падне.

Слични содржини