Шефот на португалската дипломатија во посета на Скопје

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомес Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.

Покрај средбата со својот хомолог, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Слични содржини