Шефот на ПСЖ објави: Нејмар да си оди до крајот на денот!

од Vladimir Zorba

Летната сага од трансферот на Нејмар ќе заврши денес! Веста е од шпанскиот весник „Спорт“, во кој се цитираат извори инволвирано во зделката. Покрај тоа, овој ултиматум го упатил претседателот на Пари Сен Жермен, Насер ал-Хелаифи.

Според засегнатите извори, тој го повикал рано утринава спортскиот директор на парижаните, Леонардо и му рекол дека повеќе не сака да го гледа Бразилецот и да даде се од себе за да го затвори договорот во текот на денот, но и со добри услови за клубот.

На почетокот на денот, делегација од раководството на Каталонците заминаа во Париз и отидоа директно да преговараат со Леонардо. Се очекува во наредните часови да има договор, иако разјаснувањето за формалностите на договорот ќе биде одложено за друг ден или два.

Најновите информации од Шпанија се дека Барса има тенденција да направи последен попуст во разговорите. Бидејќи немаат намера да ги извадат бараните 300 милиони евра, нивната последна понуда ќе биде 80 милиони евра, како и испраќање на Филипе Кутињо на „Парк де пренс“.

Слични содржини