Шефот на Реал: Немам никаква врска со заминувањето на Меси од Барселона!

од Vladimir Zorba

Секогаш кога нешто лошо и непланирано се случува во Барселона, се наоѓа врска со најжестокиот ривал. Така, повторно е жешко на релација Реал – Барселона. Шпанските гиганти беа најмногу потресени од пандемијата на коронавирус и финансиската криза што следеше. А деновиве, Каталонците останаа без Лионел Меси, кој последните недели го брануваше фудбалскиот свет со тоа што го напушти својот сакан клуб, а потоа се пресели во Пари Сен Жермен.

Каде настана краткиот спој сега? Поранешниот функционер на Барселона, Жауме Љопис го прозвал лидерот на Реал, Флорентино Перез дека ја „зготвил“ ситуацијата со директорот на Барселона, Феран Ревертер и дека е виновен за заминувањето на Меси од Ноу Камп!

Негирањето на лидерот на клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ наскоро пристигна …

– Не е точно дека сум пријател со Ревертер, тој е личност која ја имам сретнато двапати во животот. Еднаш пред четири месеци и еднаш во сабота на состанок што се одржа со претседателот на Барселона Жоан Лапорта и претседателот на Јувентус Андреа Ањели. Дотогаш веќе беше објавено заминувањето на Меси. Затоа е невозможно да имав влијание врз заминувањето на Меси, или врз каква било одлука на Барселона. Се надевам дека Љопис повеќе нема да дава изјави што не одговараат на вистината – рече претседателот на Реалво писмената изјава објавена од „Марка“.

Меси замина, а веќе со месеци се шпекулира за интересот на Реал за sвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Францускиот ас не го продолжи договорот со „светците“, како што направи Нејмар, чиј трансфер од 222.000.000 евра, колку што ПСЖ и плати на Барселона пред четири години, и понатаму е најголем во историјата на фудбалот.

Дали има тајна врска, сепак?

Слични содржини