Шефот на Ред Бул: Би сакал да се врати Хамилтон

од Vladimir Zorba

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул изјави дека би сакал да го види Луис Хамилтон зад воланот на Мерцедес следната сезона.

Во последно време многу се зборува дека седумкратниот светски шампион би можел да ја заврши кариерата по случувањата во Абу Даби каде минатата сезона ја загуби титулата на последната трка.

„Се надевам дека Луис ќе биде дел од Формула 1. Тој се уште вози на неверојатно ниво. Макс и тој беа посебна лига за себе и сите уживаа во нивниот дуел“, вели Хорнер.

Сепак, првиот човек на Ред Бул изјави дека се зависи од Хамилтон.

„Тоа зависи од него. Луис знае што е најдобро за неговата кариера. Тоа е само негова работа“, вели Хорнер.

Хорнер го коментираше и пречекот што му беше приреден на Верстапен во седиштето на Ред Бул во Милтон Кејнс.

„Тој порасна со Ред Бул, тој е производ на нашиот јуниорски тим. Го гледавме како расте од тинејџер во млад човек кој апсолутно ја заслужи титулата светски шампион“.

Слични содржини