Шефот на СЗО: Светот посветува многу помалку внимание на кризите надвор од Украина

од Nikola Popovski

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус денеска го осуди светот за неговата речиси целосна преокупација со војната во Украина и занемарувањето на последиците од другите војни и кризи во светот.

Гебрејезус рече дека другите кризи, вклучително и во неговата земја, Етиопија, не добиваат подеднакво внимание, можеби, како што рече, затоа што оние што страдаат не се бели.

Генералниот директор на СЗО им рече на новинарите дека не знае „дали светот навистина посветува подеднакво внимание на животите на белите и црнците“.

„Целото внимание посветено на Украина е секако многу важно бидејќи има влијание врз целиот свет, но ниту дел (од тоа внимание) не се посветува кон Јемен, Авганистан, Сирија и сите други кризи и конфликти, рече Тедрос.

Тој додаде дека опсадата на етиопскиот регион Тигра од силите на Еритреја и Етиопија е една од најдолгите во модерната историја и посочи дека неодамна постигнатото примирје сè уште не овозможило пристигнување на значителна количина хуманитарна помош.

„Морам да бидам директен и искрен и да кажам дека светот не се однесува на ист начин кон човечката раса. Некои се повеќе поеднакви од другите“, рече тој.

Слични содржини