Шефот на СЗО: Вакцината може да штити само неколку месеци!

од Vladimir Zorba

Во време кога очите на целиот свет се насочени кон експерти кои работат низ целата планета за да најдат вакцина, а кога некои од нив се во последната фаза на тестирање, шокантни вести доаѓаат од Светската здравствена организација.

„Нема чудесен лек за вирусот и никогаш нема да има“, предупреди во јавноста генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Според Ројтерс, тој објаснил дека „постои голема загриженост дека нема да имаме вакцина што функцинира, односно дека би можеле да имаме таква што би обезбедила заштита само за неколку месеци, а не подолго“.

„Неколку вакцини сега се во третата фаза на тестирање и искрено се надеваме дека ќе имаме вакцини кои ќе можат да спречат зарази кај луѓето. Сепак, засега немаме магичен лек“, објасни првиот човек на СЗО.

Тој препорача понатамошна секојдневна борба против Ковид-19, носење маски, одржување на растојание, како и сите претходно обелоденети мерки.

– Некои земји се борат со овој вирус со помалку, а некои со поголем успех. Пред нас имаме долга борба – заклучи Гебрејесус.

Слични содржини