Шефовите на дипломатијата на ЕУ денеска разговараат за испорака на муниција во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел разговараат за предлогот за забрзување на испораката на гранати во Украина, а оваа испорака треба да биде потврдена на крајот на неделата на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Во попладневните часови шефовите на дипломатиите на ЕУ се среќаваат со своите колеги од одбраната на состанок кој во европски жаргон се нарекува „џамбо состанок“.

Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, при доаѓањето на состанокот рече дека прва точка на дневниот ред ќе биде Украина и дека министрите ќе разговараат и со украинскиот министер Димитро Кулеб за тоа како да се прошири поддршката на ЕУ за Украина.

Слични содржини