Шефовите на дипломатиите на седум земји отпатуваа во Киев во знак на поддршка

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за надворешни работи на седум балтички и нордиски земји денеска отпатуваа во Киев во знак на поддршка за Украина, која се соочува со прекини на струја предизвикани од руските воздушни напади врз енергетската инфраструктура.

„Ние, министрите за надворешни работи на Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска, денеска сме во Киев за да ја изразиме нашата солидарност со Украина“, напиша на Твитер литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Украинската енергетска компанија „Укренерго“ претходно денеска објави дека дефицитот во енергетскиот систем на земјата е зголемен на 27 отсто и дека вонредните исклучувања се на сила ширум целата земја.

Слични содржини