Шефовите на Сити загрижени дека Гвардиола може да изрази желба да си замине

од Vladimir Zorba

Раководството на Манчестер Сити веќе се подготвува за периодот по напуштање на менаџерот Пеп Гвардиола, пренесува Mirror денес, повикувајќи се на The Athletic.

„Граѓаните“ немаат намера да го отпуштат Шпанецот, и покрај слабиот почеток на сезоната и поразот од Ливерпул и Манчестер Јунајтед во ПЛ, но се загрижени дека самиот Гвардиола може да изрази желба да си замине.

Поранешниот тренер на Барселона и Баерн има договор до летото 2021 година, но во ниту еден од двата тима не останува повеќе од 4 години – граница што ќе биде постигната во 2020 година.

Поради оваа причина, клубот започнал да бара лице за да влезе во штабот на Гвардиола со главно периферни функции, но да биде подготвен да го замени во секое време.

Засега не се споменуваат специфични имиња, но клубот веројатно ќе сака да ангажира помлад стратег.

Слични содржини