Шегите на сметка на Роналдо не запираат, Кока-Кола најде нов „сојузник“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

По селекторот на Русија, Станислав Черчесов, кој се шегуваше со приказната за поместувањето на шишињата на конференцијата, неговиот пример го следеше Андреј Јармоленко, кој остави заедно сè што другите, на шега, ставаа настрана.

Голем дел од приказната на овогодинешното Европско првенство се однесуваа на теми кои не се за самата игра, а најмногу на трендот што го започна Кристијано Роналдо – поместување шишиња пијалоци на конференции. Откако многу играчи ги преселија пијалоците, Кока-Кола и Хајнекен исто така најдоа свои сојузници.

Имено, прво, рускиот тренер на прашањето што мисли за овој тренд, зеде две шишиња сок, отвори едно, и испи голтка.

После натпреварот меѓу Украина и Северна Македонија, херојот на Украинците, Андреј Јармоленко, направи слична работа.

Кога го прашаа за коментар за преместување на шишињата, Украинецот се насмеа, зеде две шишиња Кока-Кола и ги постави едни покрај други, а потоа зеде шише Хајнекен, гостави до нив, се насмеа гласно и остави смешен коментар.

– Тоа е тоа, момци, јавете се за спонзорство – рече Јармоленко, а таа негова реченица предизвика огромна смеа во конференциската сала.

Слични содржини