Шехтански: Светот навива за конфликтот Израел-Палестина и зазема страна како да се работи за Барселона или Реал Мадрид

од Nikola Popovski

„Ова е замрзнат конфликт околу 200 години. Светот во моментов е како децата да навиваат дали си за Барселона или Реал Мадрид и секаде се создаваат два табори, каде што се коментира и зазема страна, но не треба да биде така“, оценува претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански за емисијата „24 анализа“, коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот исто и повторната борба помеѓу Израел и Палестина.

Според него, тој не може да зазема страна кога гинат недолжни цивили и деца.

„Починаа над 200 лица и 60 деца, во нормално околности, тоа се воени злосторства против цивилното население“, вели Шехтански, додавајќи овој конфликт повторно ескалира сега поради славењето на Рамазан Бајрам од страна на муслиманскиот свет и поради датумот мај 1949 година, кога со одлука на ОН е формирана државата Израел.

Слични содржини