Шек: ЛеБрон е легенда и треба да престане да брка нови прстени

од Vladimir Zorba

Легендата на НБА, Шекил О’Нил изјави дека Леброн Џејмс нема потреба од повеќе шампионски прстени, бидејќи веќе има статус на легенда.

Пред недела дена, „кралот“ го изгуби своето шесто финале во кариера и не успеа да стигне до својата 4-та титула.

За легендарниот центар, сепак, тој мора да престане да бара нови триумфи по секоја цена.

„На крајот на својата кариера јас се обидував да ги затворам устите на сите и бев премногу алчен и сакав нови титули. По 3 последователни со Лејкерс сите велеа дека нема да освојам повторно. По четвртата со Мајами, пак беше исто и обиколив доста тимови во стремежот да го постигнам тоа повторно и играв во Феникс, Кливленд и Бостон, но без успех“, изјави О’Нил.

„Некој ми имаше кажано дека во последните години ти си создал своја книга. Нема начин како тогаш да ги напишеш првите страници. Значи Леброн веќе остави трага, тој е легенда. Има 3 прстени и можеби сега си вели дека треба да земе уште еден, па дури и повеќе. Јас сепак на негово место немаше да го направам тоа, бидејќи тоа веќе едноставно нема значење. Веќе е споредуван со Мајкл Џордан, па има постигнато многу“, додаде Шек.

Џејмс треба да ги информира Кливленд до полноќ на 29 јуни дали прифаќа или се откажува од последната година од договорот, а очекувањата се тој да ја отфрли понудата и да стане слободен агент, по што ќе започне наддавање за него.

„Голден Стејт се претвора во династија и за сите други ќе биде многу тешко да ги запрат. Дури и да се соберат неколку суперѕвезди на едно место нема гаранција за успех, освен ако тимот не игра правилно. Дури и присуството на Леброн не гарантира успех“, рече Шек.

Слични содржини