Шекеринска до Нацев: Целта на лагите е да се заборави вашето владеење, во кое Армијата беше оставена на маргините

од Берта Китинска

Препакувани лаги! Лаги со кои се обидуваат да ја поткопаат Армијата, само затоа што не се повеќе на власт, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за одбрана Радмила Шекеринска по обвинувањата од страна на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ дека ја има затворено најелитната единица на АРМ, ВОЛЦИ:

Таа додава дека целта на лагите е да се заборави владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во кое Армијата беше оставена на маргините за сметка на полицијата која служела за следење и малтретирање на неистомисленици.

-Кога Армијата беше препуштена сама на себе, со ниски плати, со стара опрема, безгласна во конфигурацијата на власта, на вашата власт.Е денес таа иста Армија е членка на НАТО, со нова опрема, со зголемени плати, со подобрени услови за работа, Армија која подига НАТО капацитети, Армија чиј министер носи одлуки во НАТО заедно со уште 29 министри на сојузниците, и ако тоа не ви е доволно – Армија која што одигра важна улога во епидемијата. И честитавте? Искажавте барем некој збор на поддршка? Или удобно завалени во фотелјите на најскапата партиска палата во Европа пласирате лажни вести за да ја поткопате нејзината улога. Недолично, неприфатливо и злонамерно!, пишува Шекеринска.

Слични содржини