Шекеринска: Ги спасивме уникатните фрески од црквата Св. Ѓоргија

од Nikola Popovski

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Курбиново, каде што во тек се интензивни конзерваторски зафати со цел заштитување на нашето културно богатство.

Таа соопшти дека по цела деценија заборав започнат е конзерваторски зафати во црквата Св. Ѓоргија во тој регион од државата.

„Ги спасивме уникатните фрески меѓу кои и онаа на банкнотата од 50 денари. И тоа е вистинскиот патриотизам, да го зачуваш наследството, а не да трошиш на стиропори и споменици“, напиша таа на својот Фејсбук профил.

 

Слични содржини