Шекеринска: Гласав за Џафери за претседател на Собранието затоа што сметав дека е дојдено време за промени

од Nikola Popovski

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на вечерашната дебата на ТВ 21 изјави дека ќе дадат сериозна поддршка на економијата и на инфраструктурата.

Според неа, политичарите нема да бидат фер кон граѓаните ако зборуваат за големи народни идеи.

„Јас гласав за Талат Џафери да биде претседател на Собранието, не затоа што е Албанец, туку затоа што сметавме дека е дојдено време за промени. Гласавме за човек со име и презиме и за малку ќе го изгубевме животите на кобниот 27-април. Јас мислам дека конечно е време да се сконцентрираме на граѓаните. Кога ќе чукнете во Инфективна клиника, не е воопшто важно дали ве лечи Милена или Имер. Да се фокусираме на луѓето и да ги оставиме партиските препукувања. Дали идниот премиер ќе биде Македонец или Албанец, тоа воопшто не е важно“, вели Шекеринска.

За неа, изборната единица 5, во која таа е носителка, е нашата држава во мало, од аспект на проблемите и од аспект на етничкиот и јазичниот и религиозен состав.

Таа дополни дека автотпатот Кичево-Охрид ќе биде готов до 2021 година, но ќе има и дополнителни автопатишта и експресни патишта.

„Ќе инвестираме и во здравството, кое сега со ковид-кризата ни покажа колку е важно“, изјави Шекеринска.

Слични содржини