Шекеринска и Брнз го потпишаa договор во врска со т.н Лејхи закони: Jа заокруживме успешната соработка во 2021 година

од Берта Китинска

Со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз денес потпишавме договор меѓу Северна Македонија и САД кој произлегува од т.н. Лејхи закони, со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносните сили, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Со тоа ја заокруживме исклучително успешната соработка во 2021 година: одржани 5 воени вежби со американско учество и поддршка (меѓу кои и најголемата Одлучен удар 21), министерска средба во Вашингтон, пет ВИП посети и денови за високи гости на кои учествуваа највисоки воени претставници, заеднички инвестиции во модернизацијата и Криволак, развој на специфични капацитети (АБХО, сајбер) и 42 “Mil to Mil” настани со учество на 500 македонски армиски припадници. Сојузништвото продолжува, билатерално и во Алијансата, цоопшти Шекеринска.

Слични содржини