Шекеринска и Филипче нема да бидат дел од новата Влада

од Берта Китинска

По министерот за здравство Венко Филипче и министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави дека нема да биде дел о новата влада.

Министерката за одбрана денеска изјави дека нема да биде дел од новата Влада.

– За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шекеринска.

Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат.

Пред неколку дена Филипче кажа дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија.

-Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во изјава за ТВ 24.

Прашан дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, тој посочи дека такво нешто не е опција.

-Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија, одговори министерот Филипче.

На местото на Филипче треба да дојде министер од редовите на Алтернатива.

Медиумите информираат дека премиерот Зоран Заев во среда ќе ја поднесе оставката од премиерската функција во Собрание. Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.

Слични содржини