Шекеринска: Македонија ја заслужи поканата

од desk2

Потпретседателот на макеоднската Влада и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска од седиштето на НАТО во Брисел, пред почетокот на самитот на Алијансата, истакна дека очекува Македонија конечно да ја добие поканата за членство.


– Утринава имав прилика да разговарам со заменик генералниот секретар и неколкумина министри за одбрана. Факт е дека на денешниот Самит има многу точки на дневен ред и околу некои прашања имаат навистина и спротивставени мислења. Но, постои една точка околу која се согласни сите 29 земји членки , а тоа е дека Македонија ја заслужи поканата, и дека она што го пропуштивме како шанса во 2008 година овој пат во Брисел ќе успееме да го искористиме, вели Шекеринска во видео обраќањето.

„Светот не стои да не чека нас да влеземе во НАТО и заради тоа е и важно историските шанси да не се пропуштаат, туку да се искористуваат, додава таа.

-Ако во 2008 година ја добиевме поканата досега ќе бевме членка и ќе учествуваме во овие дебати, а нема да се плашиме дали овие дебати може да ја загрозат нашата иднина. Но, велам подобро некогаш отколку никогаш, подобро сега отколку понатаму во иднината, изјави Шекеринска.

За неа, клучната тема е како Алијансата да стане уште поефикасна и уште помоќна. И околу потребата таа да стане посигурна, посплотена, никој нема дилеми. Тоа е добриот дел од дебатата, смета таа.
Прашањето е како и колку брзо.

„Одлуките што денеска ќе ги носи НАТО уште повеќе ќе ја акцентираат силата на овој сојуз. Се зборува за зголемување на капацитетите, зголемување на присуството и преку тоа присуство земјите членки да бидат посигурни“.

-Макеоднија денеска не е на масата каде се носат одлуките, но очекуваме уште од утре нашето влијание, нашиот глас посилно да се слушне, изјави министерката за одбрана и додаде дека тоа е причината зошто мисли дека овие два дена навистина ќе бидат историски за нашата држава.

Според неа, НАТО ќе ја даде поддршката бидејќи и нив им треба успех на Балканот и ним им треба позитивен пример како што е Македонија.
Но, додава, пред се, тоа е наша задача.

-Факт е дека заклучоците од 2008 година и процедурата која досега се користеше за сите земји кандидатки ќе биде искористена и во случајот со Македонија. Тоа значи дека веднаш речиси ќе бидат испратени и експертски тимови кои ќе обезбедат техничко прилагодување на РМ кон високите стандарди на НАТО во поглед на класифицирани информации, во поглед на безбедна комуникација, ќе значат дека таа процедура многу брзо ќе се одвива и дека навистина ќе се исполни ветувањето што изгледаше можеби нереално минатата година дека Македонија ќе биде 30 членка на НАТО и тоа дека нема да се случи во далечна иднина, туку тоа навистина почна да се реализира многу брзо. Минатата година беше многу тешко да се зборува за нова членка. Минатата година Македонија многу и беше тешко да се надева дека толку брзо ќе успееме да се вратиме во процесот. Меѓутоа, покажавме дека ако знае, ако се сака, ако се има политичка волја и чудата се возможни. Се разбира дека нашата цел не е да добиеме покана. Нашата цел како држава е час поскоро да станеме земја членка на НАТО. Затоа ќе бидат многу важни домашните процеси – референдумот, собраниската процедура. Убедена сум дека сите ние граѓани на РМ, сите ние кои плативме голема цена заради испуштањето на шансата во 2008 ќе се обединиме без разлика на етнички, религиски или политички разлики и нема да дозволиме Македонија да ја повтори грешката од пред 10 години, вели министерката за одбрана радмила шекеринска во видео пораката од Брисел.

Слични содржини