Шекеринска: На 15 Јули и за тоа одлучуваме дали ќе продолжиме во петта брзина или ќе ставиме рикверц

од Берта Китинска

Работевме овие двеипол години не за да се пофалиме туку за да сработиме. Овие двеипол години секој месец, секој ден, на секоја седница на Собрание, на секоја дебата што ја имавме велеа џабе се радувате, тоа што го највувате нема да се случи.Ниту ќе станеме членка на НАТО ниту ќе ги почнете преговорите со ЕУ , изјави Радмила Шекеринска носител на листа во ИЕ5 од СДСМ од вчерашната посета на Ростуше.

„Денес ние сите илјадници граѓани низ државава можат да си кажат бевме на вистинската страна и успеавме со вашата доверба и нашата заедничка работа да кажеме за оваа држава 2 – 0 напишавме оваа година. Членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.На 15 Јули и за тоа одлучуваме дали ќе продолжиме во петта брзина или ќе ставиме рикверц. Дали ќе ја искористиме оваа шанса и сега како членка на НАТО ќе ги почнеме преговорите, ќе ги водиме со компетенција, ќе ги водиме професионално и ќе ги завршиме во најкус можен рок или повторно ќе се скараат со сите и ќе не остават на следниот ќорсокак“, изјави Шекеринска.

Слични содржини