Шекеринска: На ВМРО-ДПМНЕ им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО

од Vladimir Zorba

„Скопје повторно се отвори. Не е веќе мрачен вилает на поранешниот режим кој бркаше студенти низ библиотеки за да ги апси. Во кој веќе не доаѓаше ниту еден висок странски политичар бидејќи власта беше скарана со цел свет“, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на трибината „На прав пат“

„Нашиот град за само две години гопосетија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Туск, Ангела Меркел, Тереза Меј, десетици премиери, МНР и МО на најмоќните и најпросперитетните. Тие дојдоа да му дадат поддршка на нашиот народ, на нашето Скопје!, рече Шекеринска.

Скопје не е веќе град на стравот. Не е веќе град експеримент на мала група луѓе. Денес Скопје е слободно! Скопје е град на своите граѓани, на музиката и уметноста, на слободата и критиката, Скопје е град на слободни луѓе, порача Шекеринска.

Додека сите се радуваат и честитаат, во ВМРО-ДПМНЕ не само што молчат, туку и се противат на нашето членство во НАТО, истакна потпретседателката на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлагаат предвремена ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, а велат дека нема да го гласаат Законот за одбрана кој е клучен за пристапувањето во НАТО“, посочи Шекеринска.

Шекеринска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ јавно соопштува дека нема да го гласа тој Закон, заради уставното име на државата. А истовремено бара предвремено ратификување на протоколот за пристапување во НАТО под истото тоа име.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат плата од Република Северна Македонија и тогаш тоа не им пречи. Не им пречи ниту кога во ЕПП пред партијата стои уставното име на државата. Ама им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО, им пречи тогаш кога ја обезбедуваме иднината, границите и стабилноста преку членство на Алијансата“, посочи Шекеринска од трибината во Скопје.

Слични содржини